Македонија

Синоќа протест пред салата „Партизан“ во Карпош оти Владата сака да ѝ ја одземе на општината

Синоќа протест пред салата „Партизан“ во Карпош оти Владата сака да ѝ ја одземе на општината

Синоќа пред спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, попозната како „Партизан“, се одржа протест под мотото „Партизан не го даваме“. Граѓани се собраа во Карпош 4 како реакција на одлуката на Владата да ѝ го одземе објектот од трајно користење на Општина Карпош.

Од Општината порачаа дека салата е од особено значење за локалната заедница и дека во неа се вложени значителни средства за да биде ставена во употреба.

Протестот се одржа со цел да се испрати порака за зачувување на објектот во надлежност на општината.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни