Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одвиваат интензивни градежни активности за санација на покривот на пливачкиот базен, кои се клучни за обезбедување непречено и безбедно користење на објектот.
Од раководството на центарот велат дека навреме реагирале на појави кои укажувале на нарушена безбедност и потенцијален ризик за посетителите. Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ посочи дека безбедноста на спортистите и рекреативците е највисок приоритет, поради што секојдневно се врши координација со изведувачите и консултации со стручњаци од Градежниот факултет во Скопје.
„Нашата обврска е да обезбедиме современи и безбедни услови за сите посетители. Благодарни сме за поддршката и разбирањето за време на работите,“ изјави директорот.
Санацијата ќе продолжи се додека не биде целосно решен овој, како што го оценија од центарот, „горлив проблем“.