Македонија

Народниот правобранител Насер Зибери заминува во пензија

Народниот правобранител Насер Зибери заминува во пензија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на почетокот на денешната 60. пленарна седница информираше дека Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули 2025 година заминал во пензија, со што му престанала функцијата.

„Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Зибери на 12.07.2025 година ги исполни условите за старосна пензија. Согласно член 9, став 1, точка 3 од Законот за Народен правобранител, констатирам дека функцијата му престанува од тој датум“, изјави Гаши пред пратениците.

На почетокот на седницата, пратеникот на Левица, Борислав Крмов, процедурално побара едночасовна пауза. Причината, како што објасни, е повторното инсистирање да се добие целосен увид во податоците за патните трошоци на сите пратеници, како што претходно побарала нивната колешка Јована Мојсоска.

Претседателот на Собранието му одговори на Крмов дека институцијата ќе ги достави сите бараните податоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни