Македонија

Се договориле да склучат брак, а и зел илјадници евра – скопјанка измамена

Се договориле да склучат брак, а и зел илјадници евра – скопјанка измамена

На 16.07.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека во мај 2025 година преку социјална мрежа комуницирала со машко лице и се договориле да склучат брак.

Според пријавеното, лицето и побарало пари за да можат да се сретнат во Охрид, по што таа во три наврати преку брз трансфер на пари му пуштила вкупно 6.700 евра, а подигнала и 3.000 евра кредит од банка.

Како што е пријавено, откако не се сретнале, таа сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни