Македонија

Скопјанка измамена за 1.300.000 денари – и се јавил лекар од Градска болница и и побарал пари за операција на ќерка и!

Скопјанка измамена за 1.300.000 денари – и се јавил лекар од Градска болница и и побарал пари за операција на ќерка и!

На 17.07.2025 во 17.45 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15.30 часот била измамена од едно машко лице за сума од околу 1.300.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар, вработен во Градска болница и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со повреди и требало да прави операција, а за тоа требало да се плати.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни