Македонија

Нема доволно вработени па ќе се скрати работното време на Одделот за издавање дозволи за летови

Нема доволно вработени па ќе се скрати работното време на Одделот за издавање дозволи за летови

Одделот за издавање дозволи за летови и Канцеларијата за наплата на рутни такси ќе работат со скратено работно време во текот на август поради недостиг на персонал.

Според известувањето, од 1 до 10 август и од 18 до 31 август услугите ќе бидат достапни од 07:30 до 19:30 часот по македонско време, додека во периодот од 11 до 17 август работното време ќе биде скратено – од 07:30 до 15:30 часот.

Властите апелираат авиокомпаниите и операторите навремено да ги доставуваат барањата за дозволи и документацијата за наплата на такси за да се избегнат доцнења во обработката.

Издаден е NOTAM LW A0409/2025, кој ќе биде активен од 1 август до 31 август 2025 година

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни