Американската геолошка служба (USGS) објави листа на 10 најсилни земјотреси досега регистрирани, според нивната магнитуда и последиците што ги оставиле зад себе.
На врвот на листата се наоѓа земјотресот во Чиле од 1960 година, со магнитуда од 9,5, познат како „Големиот чилеански земјотрес“. Овој катастрофален настан однесе 1.655 животи и остави повеќе од два милиони луѓе без покрив над глава.
Веднаш зад него е земјотресот во Алјаска од 1964 година со магнитуда 9,2, кој предизвика цунами високо 35 метри, при што загинаа 130 луѓе, а материјалната штета изнесуваше 2,3 милијарди долари.
Трет на листата е земјотресот во Индонезија од 2004 година (магнитуда 9,1), кој предизвика разорен цунами и одзеде повеќе од 280.000 животи ширум Југоисточна Азија и Источна Африка.
Во топ 10 се наоѓаат и земјотресите во Јапонија (2011), Русија (1952), Чиле (2010), Еквадор (1906), уште еден во Алјаска (1965), Индија (1950) и Индонезија (2012).
Податоците покажуваат дека најсилните земјотреси најчесто се случуваат во региони каде тектонските плочи се судираат, а последиците од овие катастрофи остануваат врежани во колективната меморија на човештвото.