Свет

Песков: Камчатка беше подготвена за земјотрес!

Песков: Камчатка беше подготвена за земјотрес!

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес оцени дека земјотресот во Камчатка покажал високо ниво на подготвеност на регионот за природни катастрофи.

„Сите системи за предупредување од цунами функционирале правилно, евакуацијата била организирана брзо, а докажана е и сеизмичката отпорност на зградите. Затоа, фала му на Бога, нема жртви“, рече Песков.

Тој изјави дека технолошката подготвеност била на високо ниво и дека превентивните мерки „ја покажале својата вредност“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни