Свет

ВИДЕО Чад излегува од Боинг на писта во Турција – патниците евакуирани преку лизгалка

ВИДЕО Чад излегува од Боинг на писта во Турција – патниците евакуирани преку лизгалка

Патниците од авион на „Туркиш ерлајнс“ беа евакуирани преку лизгалка кратко по слетувањето во крајбрежно одморалиште во јужна Турција вчера. Евакуацијата беше спроведена поради чад во слетувачкиот механизам, подвозјето на авионот што се користи за полетување, слетување и стабилно движење на земјата.

Чадот се појави додека Боингот 777, кој полета од Истанбул, таксираше на пистата на аеродромот во Анталија. Тимовите за итни интервенции препорачаа евакуација како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, потврди портпаролот на авиокомпанијата Јахја Устун.

Тој додаде дека сите патници биле веднаш евакуирани. Не прецизираше колку патници и членови на екипажот имало во авионот. Никој не е повреден.

„Првичната инспекција на авионот покажа дека чадот доаѓа од дефект на хидраулична цевка“, рече Устун. Техничките инспекции на авионот се во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни