Свет

Американската царина за европско вино и жестоки пијалоци ќе се зголеми на 15 проценти од 1 август

Американската царина за европско вино и жестоки пијалоци ќе се зголеми на 15 проценти од 1 август

Американските царини за европско вино и жестоки пијалоци ќе се зголемат од сегашните 10 на 15 проценти почнувајќи од 1 август, потврдија денес за Ројтерс претставници и дипломати на Европската Унија.

Станува збор за привремена мерка додека не се постигне нов договор во рамките на поширокиот трговски договор меѓу Вашингтон и Брисел, чии преговори се очекува да продолжат на есен, според анонимни извори од ЕУ запознаени со преговорите.

Се очекува сите пратки вино и жестоки пијалоци од Европската Унија да бидат оптоварени со царинска давачка од 15 проценти, освен ако нема ослободување или премин кон таканаречениот режим на најповластена нација (MFN), кој овозможува пресметување на давачка по литар наместо процент.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни