Свет

Трамп го потврди нападот врз Индија поради руската нафта: „Не им е гајле за убиените во Украина“

Трамп го потврди нападот врз Индија поради руската нафта: „Не им е гајле за убиените во Украина“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека значително ќе ги зголеми царините за Индија за купување руска нафта.

„Индија не само што купува огромни количини руска нафта, туку го продава поголемиот дел од нафтата што ја купува на отворениот пазар за огромни профити. Не им е гајле колку луѓе се убиени во Украина од страна на руската воена машинерија“, рече Трамп во објава на Truth Social.

„Затоа значително ќе ја зголемам царината што Индија им ја плаќа на САД“, рече тој. Тој не прецизираше колку ќе биде царината.

Индија потврдува: Ќе продолжиме да купуваме руска нафта и покрај заканите
Во текот на викендот, два извори од индиската влада изјавија за Ројтерс дека Индија ќе продолжи да купува нафта од Русија и покрај заканите на Трамп. Царина од 25 проценти за индиските производи стапи на сила во петокот како одмазда за купувањата на воена опрема и енергетски производи од Русија од страна на Индија.

Трамп, исто така, се закани дека ќе воведе 100-процентни царини на увоз од земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта, освен ако Москва не постигне мировен договор со Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни