Свет

Средба на Путин и Трамп: Договорено каде ќе се сретнат

Средба на Путин и Трамп: Договорено каде ќе се сретнат

Русија и САД се согласија да одржат средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп во наредните денови, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

„На предлог на американската страна, во принцип е договорено да се одржи билатерален состанок на највисоко ниво во наредните денови, односно средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Путин“, рече тој, според РИА Новости.

Според него, страните започнале со работа на самитот, а следната недела е одредена како референтна недела, но тешко е да се каже колку дена ќе траат подготовките. Местото на состанокот е договорено, но ќе биде објавено подоцна.

Специјалниот претставник на Белата куќа, Стивен Виткоф, во среда ја покрена идејата за трилатерален состанок меѓу Путин, Трамп и Зеленски, но Москва не го коментираше тоа, додаде помошникот на претседателот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни