Свет

ВИДЕО Мал авион се урна на аеродром во Монтана и предизвика голем пожар

ВИДЕО Мал авион се урна на аеродром во Монтана и предизвика голем пожар

Мал авион во понеделникот се урна при слетување на аеродромот во градот Калиспел, Монтана, удирајќи во неколку паркирани летала и предизвикувајќи голем пожар, соопштија властите. За среќа, во инцидентот нема сериозно повредени лица.

Авион од типот Socata TBM700N, со четворица патници, се обидувал да слета околу 14 часот по локално време, потврдија шефот на полицијата во Калиспел, Џордан Венезио, и Федералната администрација за авијација (FAA).

Прелиминарната истрага покажала дека пилотот изгубил контрола врз леталото, кое се урнало на пистата, а потоа удрило во неколку паркирани авиони, предизвикувајќи пожари на повеќе од нив. Пламенот се проширил и на тревната површина покрај пистата, но бил навреме изгаснат.

Властите најавија дека истрагата за причините на несреќата продолжува.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни