Свет

ТРАГЕДИЈА ВО ХОЛАНДИЈА: Се урна балон полн со патници!

ТРАГЕДИЈА ВО ХОЛАНДИЈА: Се урна балон полн со патници!

Сериозна несреќа со балон на топол воздух се случи во Фрисланд, во северна Холандија, во која едно лице загина, а пет други беа повредени.

Балонот, кој превезуваше 34 патници, одеднаш нагло падна околу 21 часот и силно удри во земјата.

Според Кралското холандско воздухопловно здружение, причината беше ненадеен налет на ветер, што предизвика кошот да отскокне и пет лица да паднат.

„Балонот на топол воздух нагло падна околу 21 часот и силно удри во земјата“, соопштија властите на Фрисланд.

Полицијата ја истражува несреќата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни