Македонија

Шкендија со голема победа над Лудогорец – чекор поблиску до групите на ЛЕ

Шкендија со голема победа над Лудогорец – чекор поблиску до групите на ЛЕ

Националната Арена „Тодор Проески“ синоќа беше сцена на голема радост за Шкендија, која направи значаен чекор кон историја и пласман во групната фаза од Лига Европа. Тетовскиот клуб во возбудлив дуел го совлада бугарскиот шампион Лудогорец со 2-1, остварувајќи резултат што му носи голема предност пред реваншот во Разград.

Гостите први дојдоа до предност, откако во 14. минута Дуарте ја искористи првата сериозна акција и со удар по земја го совлада голманот Гаје. Претходно, Љатифи пропушти чиста шанса за Шкендија, што можеше да го промени текот на натпреварот уште во раната фаза.

Сепак, црвено-црните не се откажаа. Во 35. минута со прекрасно изведен слободен удар од над 25 метри, Шкендија успеа да израмни и повторно да ја врати енергијата на трибините.

Во второто полувреме, херој на тимот беше капитенот Бесарт Ибраими, кој по маестрална акција ја донесе Шкендија во водство од 2-1. До крајот на средбата домашниот тим имаше уште неколку можности да ја зголеми предноста, додека Лудогорец се обиде да избегне пораз, но резултатот остана непроменет.

Со оваа победа, Шкендија добива голема надеж дека може да ја заврши работата и да обезбеди историски успех во Лигата на Европа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни