Македонија

Сè уште ништо од излозите во скопската чаршија, општината со нов тендер

Излозите од дуќаните во Старата скопска чаршија ќе почекаат за да добијат ново руво. Од општина Чаир велат дека на првиот тендер се пријавила само една компанија со двапати повисока цена од средствата кои се определени. Поради тоа, општината објави нов повик и очекува да конкурираат компании кои биле одделени за оваа цел. Првиот човек на општината Чаир, Ганиу, изјави дека за 45 дена ќе се избере нова компанија која ќе ги уредува излозите во чаршијата.

Oпштина Чаир заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, потпишаа договор за проект за уредување на излозите на деловните објекти во Старата чаршија, вреден 11 милиони и 300 илјади денари кој беше потпишан  во октомври минатата година. Два месеци подоцна, односно во декември, на прашањето на ТВ21 – кога излозите ќе бидат унифицирани, Ганиу одговори дека се во фаза на објавување јавен повик.

Министерот за економија пак, Крешник Бектеши, рече дека општината треба да ги врати парите доколку проектот не се спроведе до октомври.

Инаку, проектот опфаќа зачувување, санирање и адаптирање на излозите и написите на деловните објекти во Старата скопска чаршија, со цел нејзина ревитализација, зачувување на автентичноста, традицијата и духот на чаршијата која има историска важност. Со оглед на тоа што договорот беше потпишан во октомври минатата година, па така математиката вели дека општината има рок уште два и пол месеци за целосно да го спроведе проектот.

РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни