Македонија

МВР санкционираше 628 возачи за пребрзо возење

МВР санкционираше 628 возачи за пребрзо возење

На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи.

Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни