Македонија

Депонијата Русино сè уште во пламен, гостиварци револтирани се гушат во дим

Темни облаци дим над Гостивар, предизвика пожарот кој синоќа ја зафати депонијата Русино. Противпожарните екипи заедно со Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и пробуваат да го локализираат пожарот. Првиот човек на дирекцијата, Аднан Џаферовски за ТВ21 рече дека тој и екипите се на терен уште од 6 часот наутро.

Шефот на Кабинетот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, вели дека пожарот е активен уште од синоќа, а екипите на ДЗС интервенирале дури во шест часот утрово. Селото Бањица се наоѓа на само 5 км од депонијата.

Инаку, и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари ги повика надлежните институции да помогнат за совладување на пожарот, додавајќи дека со индиферентноста на Владата се трујат децата од Гостивар.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ.КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни