Македонија

Тешко повреден 15-годишен малолетник од Канада: Управувајќи мопед во охридско удрил во лисица и паднал на коловозот

Тешко повреден 15-годишен малолетник од Канада: Управувајќи мопед во охридско удрил во лисица и паднал на коловозот

Денеска (29.08.2025) околу 03:30 часот во СВР Охрид e пријавено дека на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид, 15-годишен малолетник од Канада, a со престој во с.Долно Лакочереј, охридско, управувајќи мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, удрил во лисица и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни