Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пензиите повисоки за 7.000 денари, реалниот раст на платите е 7 проценти

ВМРО-ДПМНЕ: Пензиите повисоки за 7.000 денари, реалниот раст на платите е 7 проценти

Владата на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економските политики кои ги спроведува во изминатата година и половина даваат реални резултати и придобивки за сите граѓани.

Според партијата, до следната пролет вкупното зголемување на пензиите ќе достигне 7.000 денари. „Владата се грижи за секој пензионер и затоа падна одлуката зголемувањето на пензиите да биде подеднакво за сите,“ се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека околу 300.000 пензионери во Македонија веќе ги чувствуваат промените, со што се создаваат услови за подостоинствен живот.

Паралелно, како што истакнуваат, бројките покажуваат и значителен раст на платите. „За година и половина реалната плата двојно порасна. Во периодот јули 2024 – јули 2025 растот на реалната плата е скоро 7 проценти, додека за време на СДС од јули 2017 до јули 2024 растот изнесувал само 3,5 проценти,“ велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ го припишува овој резултат на „соодветно проектираните економски политики од кои секој граѓанин гледа придобивка“, оценувајќи дека разликата меѓу нив и СДСМ е во тоа што, како што наведуваат, „ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните, а СДС само на поединци или на лични интереси“.

„Овие промени ја трансформираат Македонија. Македонија оди напред,“ се вели во партиското соопштение.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни