Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, реагираше на шпекулациите во кампањата, нарекувајќи ги измислици и пропаганда.
„Постојат правила во кампања. Кога еден политички камп има страв, тогаш почнува да измислува. Откако излезе последната анкета која покажа разлика од 10%, започна кампања на пропаганда и измислици. И ова е од таков тип. Средба немало,“ изјави Османи.
Тој порача дека политичките противници се потчинети на коалицискиот партнер, на чело со почесниот претседател, и дека тоа е прашање кое граѓаните добро го препознаваат. „Ова не поминува кај граѓаните. Јас сум секој ден со нив, тие сакаат позитивна кампања – без измислици и манипулации,“ додаде тој.
Османи посочи дека во Чаир се создава „ново движење на надежта и отпорот“, во кое масовно се приклучуваат граѓани од различни профили. „Ни се приклучуваат и луѓе од ВРЕДИ кои велат дека се разочарани, бидејќи наместо промена добиле понижување и дискриминација. Ни се приклучуваат и граѓани кои не се членови на ниту една партија, затоа што во мојата кандидатура гледаат надеж и движење за еден нов Чаир,“ истакна кандидатот за градоначалник.