Македонија

Чибишев: Јаглеродниот моноксид и цијанводородот убиваат без предупредување

Чибишев: Јаглеродниот моноксид и цијанводородот убиваат без предупредување

Д-р Андон Чибишев изрази жалење што повторно мора да предупредува на опасностите при учество во гаснење на пожари. Тој истакна дека граѓаните кои не се заштитени од штетното дејство на чадот и отровните гасови, како јаглеродниот моноксид и цијанводородот, се изложени на смртна опасност.

„Ги молам граѓаните, па и професионалците, да користат заштитни средства и да бидат крајно внимателни, бидејќи последиците од труење со овие отровни гасови можат да бидат многу сериозни“, порача Чибишев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни