Македонија

Бројот 192 во Скопје привремено не работи – граѓаните да се јавуваат на 112

Бројот 192 во Скопје привремено не работи – граѓаните да се јавуваат на 112

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192.

„За било каква пријава или информација, граѓаните на Скопје можат да го користат бесплатниот телефонски број 112 или телефонските броеви на полициските станици во населбите каде живеат.

СВР Скопје презема мерки и бројот 192 што побрзо да се врати во функција“, велат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни