Македонија

Напад на таткото и братот на Невена Спасеска за време на роденден на детето

Напад на таткото и братот на Невена Спасеска за време на роденден на детето

Пред малку, на роденденска прослава на детето на Невена Ѓеоргиевска, се случил инцидент во кој физички биле нападнати нејзиниот татко и брат. Според првичните информации, нападот го извршил поранешниот сопруг на Ѓеоргиевска, кој со боксери удрил кон нив.

Очевидци наведуваат дека инцидентот предизвикал голема паника и вознемиреност кај присутните, а дечиња кои биле на роденденот реагирале со пискање од страв. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица Карпош, каде што се излезени на терен и се работи на негово расчистување.

За потсетување, Невена Спасеска е мајка која беше иницијално лишена од старателството над своето четиригодишно дете. Врховниот суд ја поништи контроверзната пресуда, давајќи и нова можност да го врати детето и да го продолжи судски на повторно разгледување.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни