Педесет и двегодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди вчера при влегување во лифт во зградата на Македонската радио-телевизија (МРТВ).
Според информациите од полицискиот билтен, жената со иницијали Е.Т. вчера била донесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За настанот бил известен и трудов инспектор, кој треба да ги утврди причините за несреќата и дали биле запазени безбедносните прописи.