Македонија

По пожарот во „Макпрогрес“ хоспитализирани 13 лица, сите во стабилна состојба

По пожарот во „Макпрогрес“ хоспитализирани 13 лица, сите во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека по пожарот кој вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогес“ во Виница, хоспитализирани се:

едно лице (пожарникарка) во ЈЗУ Клиничка болница – Штип,

четири лица (пожарникари) во Општата болница во Кочани,

осум лица (вработени во фабриката) на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје.

Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни