Попладнево во близина на зградата на општината во Петровец се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила.
Од засега достапните информации, сообраќајот на овој потег е целосно блокиран.
Нема официјални податоци дали во несреќата има повредени лица.
Надлежните служби работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот.