Македонија

Од утре невреме низ Македонија: Ќе има пороен дожд и грмежи

Од утре невреме низ Македонија: Ќе има пороен дожд и грмежи

Македонија ја очекува нестабилен период со променливо облачно време и интензивни врнежи. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад и северозапад, од утре (четврток, 11 септември) до понеделник (15 септември) ќе има повремени поројни дождови, грмежи и засилен ветер.

Според метеоролозите, локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Температури:

  • Утринските ќе се движат од 12 степени во Берово до 18 во Гевгелија.
  • Дневните ќе варираат од 22 степени во Маврово до 32 во Гевгелија.

Во Скопскиот регион се најавува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и можност за невреме. Температурите во главниот град ќе се движат од 16 до 31 степени.

Препораки до граѓаните:

  • Да избегнуваат престој на отворен простор и под осамени дрвја за време на грмежи.
  • Да ги паркираат автомобилите на безбедни локации, далеку од дрвја кои би можеле да паднат од силен ветер.

Времето останува непредвидливо, па апелите на надлежните се граѓаните да бидат внимателни и навремено да се информираат за состојбата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни