Свет

Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди Камчатка

Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди Камчатка

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на рускиот регион Камчатка, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ). Земјотресот се случил на длабочина од 10 км, соопшти GFZ.

Геолошкиот институт на САД (USGS) ја процени магнитудата на 7,4 степени, со длабочина од 39,5 км.

Тихоокеанскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека постои потенцијална закана од цунами од земјотресот. Не е издадено предупредување за цунами за Јапонија, југозападно од полуостровот Камчатка, објави јавниот радиодифузен сервис NHK, повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни