Македонија

АРМИСКАТА АБХО ЕДИНИЦА МЕРЕЛА ТОКСИЧНОСТ ВО ТРУБАРЕВО: Обвинителството ја вклучи војската во истрагата за пожарот

АРМИСКАТА АБХО ЕДИНИЦА МЕРЕЛА ТОКСИЧНОСТ ВО ТРУБАРЕВО: Обвинителството ја вклучи војската во истрагата за пожарот

Истрагата за пожарот во фабриката за рециклирање во Трубарево добива нова димензија откако Основното јавно обвинителство Скопје побарало и добило поддршка од Армијата за мерење на евентуална токсична контаминација на воздухот. Поради сериозноста на инцидентот и видот на материјалот што гореше, на терен била ангажирана специјализираната Единица за атомска, биолошка и хемиска одбрана (АБХО).

Како што соопштија од ОЈО Скопје, јавниот обвинител уште вчера побарал од Началникот на Генералштабот вклучување на оваа единица, која со своите инструменти извршила детекција на хемиски и токсични гасови и честички ослободени од пожарот. Првичниот извештај со резултатите од армиските мерења веќе е доставен до обвинителството.

Освен овие, се очекуваат и резултатите од мерењата што ги спроведоа и службите на Министерството за животна средина, со цел да се добие целосна слика за евентуалното загадување и ризикот по јавното здравје.

Во меѓувреме, истрагата продолжува на повеќе фронтови. Обвинителот издава наредби за обезбедување на целокупната документација за работата на компанијата, а во следниот период ќе биде наредено и вештачење за прецизно да се утврди видот на контаминација и последиците.

Од Обвинителството информираат дека во опожарениот објект сè уште нема безбедносни услови за да се изврши детален увид на лице место. Поради тоа, полицијата продолжува да го обезбедува просторот и да го ограничува пристапот за сите неовластени лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни