Свет

Откриена и разбиена терористичка група во Литванија

Откриена и разбиена терористичка група во Литванија

Литванската полиција откри и уапси група која планирала и организирала четири терористички напади во различни европски земји.

Главниот осомничен, литванскиот државјанин Александрас Шурановас, заедно со соучесници, ги користел услугите на меѓународните курирски компании DHL и DPD за да испрати четири пакети со импровизирани експлозивни направи во различни европски земји: Германија, Полска, Велика Британија и Литванија, објави литванскиот јавен сервис ЛРТ.

Три од четирите направи биле активирани, во германскиот град Лајпциг, во Полска и во Велика Британија, додека четвртиот обид бил спречен поради технички проблем, според соопштението на главниот обвинител.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни