Балкан

Граѓани упаднале во зградата на Информер, прекината програмата – Вучиќевиќ повика полиција и брза помош

Граѓани упаднале во зградата на Информер, прекината програмата – Вучиќевиќ повика полиција и брза помош

Тензична ситуација се случила во просториите на српската телевизија „Информер“, откако група граѓани влегле во зградата и го прекинале емитувањето на програмата. Главниот уредник Драган Ј. Вучиќевиќ и дел од вработените биле принудени да го напуштат студиото.

Инцидентот се случил за време на емисијата „Колегиум“, која се емитувала во живо. Вучиќевиќ повикал полиција и брза помош, барајќи помош за евакуација на вработените.

Тој телефонски контактирал и со Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, барајќи од него да влијае врз собраните граѓани да се повлечат. Срдановиќ одговорил дека најпрво треба да ги провери информациите.

Според првичните информации, граѓаните се собрале пред телевизијата по повик на Дијана Хрка, а околу 18:40 часот неколку десетици лица влегле во објектот.

По вербална расправија со Вучиќевиќ и вработените, демонстрантите излегле во дворот. Во меѓувреме, од телевизијата повторно побарале интервенција од итните служби, пријавувајќи дека една вработена доживува епилептичен напад.

Тензиите продолжиле и надвор од зградата, каде што дел од собраните граѓани го опколиле Вучиќевиќ, го снимале со мобилни телефони и барале јавно да им се извини на граѓаните на Србија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни