Патнички авион на „Спирит ерлајнс“ се приближил премногу до „Ер Форс Уан“, претседателскиот авион со кој Доналд Трамп патувал до Лондон во вторникот. Инцидентот се случил над Лонг Ајленд, во преоптоварениот воздушен простор на Њујорк.
„Ер Форс Уан“, Боинг 747, и „Спирит лет 1300“, Ербас А321 на пат од Форт Лодердејл до Бостон, се најдоа на слични височини и конвергентни траектории. Контролорот на летот забележа потенцијално опасна ситуација и неколку пати се обиде да ги предупреди пилотите на „Спирит“ да го сменат правецот.
Иако авионите беа лоцирани километри еден од друг и не ги надминаа безбедносните прагови, инцидентот предизвика внимание бидејќи американскиот претседател беше во еден од авионите.
Аудиоснимката од комуникацијата брзо се прошири на социјалните мрежи. Контролорот ја повтори наредбата, пишува Блумберг.
„Спирит 1300, свртете 20 степени надесно. Сега“, нареди тој.
Кога екипажот конечно реагираше, контролорот иронично додаде:
„Сообраќајот е на вашето лево крило, 747. Сигурен сум дека можете да видите кој е тоа … бело-синиот авион.“ На крајот, тој имаше уште едно последно предупредување: „Внимавајте! Тргнете се од iPad-от!“
Трамп слета во Лондон доцна навечер истиот ден, каде што ја започна својата државна посета, објавува Dnevnik.hr.