Свет

Се појавија први снимки од земјотресот со јачина од 7,8 степени: „Искрено, сето ова срање почнува да ме плаши“

Се појавија први снимки од  земјотресот со јачина од 7,8 степени: „Искрено, сето ова срање почнува да ме плаши“

Источна Русија е погодена од уште еден силен земјотрес, исто како на крајот на јули.

По земјотресот со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди полуостровот Камчатка на 30 јули 2025 година, истиот дел од Русија вечерва повторно беше погоден од уште еден земјотрес, овој пат малку поблаг, но сепак силен од 7,8.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил во морето, регистриран на локација од 53,272° северна географска ширина и 160,518° источна географска должина, на длабочина од 20 километри под површината на Земјата.

Локалните жители ги оставаат своите сведоштва за земјотресот на веб-страницата на EMSC.

„Дача, 14 км од обиколницата. Дрвената колиба како да лебди на брановите. Може да се чуе зуење и вибрации во позадина. Искрено, сето ова срање почнува да ме плаши“, напиша едно лице.

„Земјотресот беше силно почувствуван. Во тоа време бев дома; се случи околу 6:59 часот наутро. Сè почна да се тресе, работи паѓаа од полиците, а падна и една слика“, пишува друг.

„Добро утро, Камчатка! Ова е Радио Новое Бенево и го започнуваме денот со малку вежбање. Нашата прва вежба е скокање од кревет со салто. Стани, стани, трчај, трчај“, пишува еден шегаџија.

„Камчатка малку претера обидувајќи се да ги разбуди жителите“, се жали друг.

„Можеше да трае долго. Садовите тропаа, вратите од ормарите се тресеа, мачките трчаа наоколу“, раскажува еден жител на Камчатка.

Првата снимка се појави и на платформата X, која го прикажува тресењето на овој земјотрес.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни