Ако барате уникатно име без прекар, името Искра може да биде одличен избор за вашата ќерка.
Името Искра со години е едно од популарните лични имиња за девојчиња. Потеклото на името се поврзува со зборот „искра“, што на словенските јазици означува оган, жар или пламен – нешто што се појавува кога огнот ќе се запали.
Преносното значење на името Искра го опишува карактерот и позитивната енергија на личноста: „онаа која е сјајна“, „онаа која е полна со енергија“, „онаа која ги обвива сите со светлина и топлина“, „онаа која го грее срцето и душата на другите“, „огнена и таинствена“, но и „онаа која носи радост и подобра иднина“.
Се верува дека искрите кои се создаваат при согорување на дрвата во огнот симболизираат нови радости, здравје, богатство и светла иднина.
Некои извори наведуваат дека името Искра има и руско потекло и се појавило во 20-тите години на минатиот век, со значење „онаа која носи светлина“.
Името Искра е популарно во Македонија, Србија, Словенија, Русија, Хрватска и Бугарија, а интересен факт е дека е едно од ретките имиња кои немаат прекар.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Цистерна со нафта излетала и се запалила на патот Гевгелија-Богданци
- 2.Сите аплаудираа, освен министерот Муртезани по говорот на претседателката Давкова во ОН
- 3.Македонец по грешка ослободен од затвор во Австрија, имал исто име и презиме со друг затвореник
- 4.Трагедија во Кисела Вода: 38-годишен скопјанец починал во својот дом!
- 5.Дневен хороскоп за четврток, 25-ти септември 2025 година!