Свет

ВИДЕО Хаос во Милано по протестот за Газа – повредени 60 полицајци, 23 хоспитализирани

ВИДЕО Хаос во Милано по протестот за Газа – повредени 60 полицајци, 23 хоспитализирани

Денешните протести за ситуацијата во Газа во Милано се одвиваа со инциденти на главната железничка станица Чентрале. Група демонстранти се судри со полицијата, а дел од нив се обиделе насилно да влезат во метрото, при што бил оштетен влезот и десетици лица се повредени. Поради тоа, возовите повеќе од еден час ја заобиколувале станицата.

Според информации од полицијата, околу 60 припадници на органите на редот се повредени, од кои 23 биле пренесени во болница, додека десетина демонстранти биле приведени. Итната медицинска помош згрижи и 12 демонстранти на возраст од 23 до 54 години.

Насилната група од околу сто лица користела апарати за гаснење пожар и поставувала канти за отпад како барикади, при што фрлале шишиња и канистери кон полицијата. Полицијата ги спречила да влезат во подземната железница со употреба на гумени палки и контрола на лифтовите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни