Свет

Голем напад со беспилотни летала врз Москва, небото е затворено

Голем напад со беспилотни летала врз Москва, небото е затворено

Москва вечерва беше нападната со беспилотни летала.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека противвоздушните сили собориле вкупно девет авиони, а подоцна уште два. Жителите на Московскиот регион слушнале експлозии на пристапот кон градот, а според првите информации што ги објавија руските медиуми, нема повредени или голема материјална штета.

Многу откажани и одложени летови, авиони што летаат ниско

Повеќе од 35 летови беа откажани и одложени на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково во вечерните часови поради напади со украински беспилотни летала. Работата на аеродромот Шереметјево беше привремено суспендирана.

„До 20:19 часот по московско време, 21 лет беше одложен, а уште еден откажан во Шереметјево. Девет одложувања и две откажувања беа регистрирани во Домодедово, а четири лета беа одложени во Внуково“, објавуваат руските медиуми.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат патнички авиони како летаат ниско над зградите во Москва.

Руските медиуми наведуваат дека по нападот, тајната служба на ФСБ и Истражниот комитет ќе спроведат истрага и дека се очекуваат кривични постапки за тероризам.

Оперативните служби на терен ги проверуваат остатоците од беспилотните летала и проверуваат дали предизвикале дополнителна штета, се вели во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни