Силна бура ја погоди Италија, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, излевање на реките и поплави, објави РАИ.
Во Милано, реката Севесо се излеа и училиштата беа евакуирани, а портокалово предупредување беше издадено за Ломбардија, Венето и Лацио.
Силен пороен дожд го погоди островот Искија кратко по 8:30 часот наутро, кога огромно количество дожд наврна за помалку од еден час, придружено со вистинска бура од грмотевици.
Невреме го погоди северниот дел на Италија, има исчезнати