Македонија

ДУИ: Целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба

ДУИ: Целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба

Демократската Унија за Интеграција најостро реагира на тенденциозните наслови и интерпретации кои се појавија во дел од медиумите, со тврдења за наводна поделба на државата. Таквите квалификации се неточни и искривуваат јасна и недвосмислена порака.

„Во изјавата беше потенцирано дека целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба.

ДУИ сака да потсети дека и покрај сите напади и пропаганда во изминатите децении, останува доследна на својата визија: Македонија да биде унитарна, заедничка и еднаква држава – не поделена, туку секогаш наша заедничка татковина.

Апелираме до медиумите за професионално и одговорно известување, кое нема да поттикнува погрешни перцепции и недоразбирања кај граѓаните“, велат од ДУИ во реакцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни