Во вчерашното гостување на ТВ21, во емисијата „Клик Плус“, министерот за транспорт, Александар Николоски, најави дека оваа година Скопје ќе добие функционален градски воз.
„Прашање е на недели кога ќе започне со работа, затоа што постапката е завршена. Првата линија на градскиот воз ќе се движи од Зелениково, преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и ќе завршува на новата Железничка станица. Во втората фаза, веќе следната година, ќе се градат и останатите две линии. Тоа значи дека оваа година веќе ќе имаме функционален градски воз на една третина од Скопје“, рече Николоски.