Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, коментираше дека некои политички играчи, алудирајќи на Христијан Мицкоски и Сотир Лукровски, се обидуваат да манипулираат со лажни анкети.
„Мице и Соте се добри другари – ама лоши деца. Се заиграле со лажни анкети, по принципот „што се баби хтило – то јој се снило“, мислејќи дека така полесно ќе дојдат до победа во Карпош. Лажни анкети и лажни бројки се за во штаб и за во кафеана со другарите. До победа се доаѓа со работа, со труд и со резултати. И само да знаете – ние сме поблиску до победа во првиот круг, отколку вие до вашите лажни бројки. А знаете зошто? Затоа што на ваша страна се лагите, а на моја страна е народот. Народот на Карпош секогаш знае да ја препознае вистината.“, порача Јакимовски.