Во знак на сеќавање и вечен спомен, денеска во кругот на полициската станица во Пробиштип беше откриена биста на полицискиот службеник Тоше Тодоровски, кој херојски го загуби животот извршувајќи службена должност во трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“.
На свечениот и емотивен чин, покрај семејството, роднините, пријателите и колегите на Тодоровски, присуствуваше и делегација од Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Панче Тошковски.
Полицаецот Тодоровски кобната ноќ бил на службени задачи, учествувајќи во акција за контрола на наркотици во дискотеката. Кога избувнал пожарот, тој останал заробен внатре во објектот и не успеал да се спаси.
Неговата жртва е дел од трагичниот биланс на несреќата во „Пулс“, во која животот го загубија вкупно 62 лица, најголем дел млади од Кочани, Штип, Пробиштип и Скопје, и која останува една од најголемите катастрофи во поновата македонска историја.
Читај и ова:
- 1.ГАЛЕРИЈА Сјај и беда: Двете лица на градот крај реката
- 2.ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач со „Ауди“ усмрти пешак во Лисиче, полицијата го приведе
- 3.Дневен хороскоп – сабота – 27 септември 2025 година
- 4.Изгоре продавницата на „Синсеи“ во Неготино пред официјалното отворање
- 5.Три неработни денови за сите граѓани остануваат до крајот на оваа година