Ужасно злосторство го потресе регионот на Деспотовац во Србија, откако во семејна куќа беа пронајдени безживотните тела на брачниот пар М.Р. (79) и Ж.Р. (76). Според известувањето на српските медиуми, главен осомничен за двојното убиство е нивниот внук М.М., кој по злосторството зел автомобил и избегал.
Локалните жители и соседите се во шок и неверување, опишувајќи ги убиените како мирни, чесни и добро познати луѓе во селото. Тие за српски „Блиц“ изјавиле дека ништо не навестувало ваква трагедија, бидејќи целото семејство било почитувано, а младиот осомничен не оставал впечаток на проблематична личност.
„Слушнавме дека нивниот внук ги убил. Тој е син на нивната постара ќерка, живее во селото Дубока, но повремено доаѓал и престојувал кај нив. Неговите родители се во Италија, а неговите баба и дедо по татко починале одамна“, изјавил еден од соседите за „Блиц“.
Полицијата интензивно трага по осомничениот, а истрагата за мотивите за бруталното убиство е во тек.
Читај и ова:
- 1.ГАЛЕРИЈА Сјај и беда: Двете лица на градот крај реката
- 2.Дневен хороскоп – сабота – 27 септември 2025 година
- 3.Изгоре продавницата на „Синсеи“ во Неготино пред официјалното отворање
- 4.Три неработни денови за сите граѓани остануваат до крајот на оваа година
- 5.ДЕНЕС Е КРСТОВДЕН: Тежок празник и строг пост!