Со голема жалост семејството и колегите ја споделија веста дека почина Трифун Талевски, долгогодишен уредник и новинар кој целиот свој професионален живот го помина во државната Македонска радио-телевизија (МРТВ).
Талевски прво дипломирал на Воената воздухопловна академија – отсек пилоти во Загреб, а подоцна и на Факултетот за политички науки во Белград. Како најдобар студент во генерацијата, кариерата ја започнал во Јутел.
Во 80-тите и 90-тите години веќе е препознаен како еден од најреномираните новинари и уредници во Внатрешно-политичката редакција. Беше уредник на централниот „Дневник“ и автор на емисијата „19.00“, која секој работен ден се емитуваше пред централното издание.
Подоцна беше дел од уредничкиот колегиум во создавањето на дописничката мрежа на МРТВ, а работеше и како уредник во Македонското радио. Со својата работа остави длабока трага во македонското новинарство преку илјадници текстови, прилози и емисии.
Трифун Талевски е роден на 19 октомври 1943 година во селото Габалавци, Битола. Зад себе ја остави сопругата Лимба, ќерката Ивона Талевска, која го наследи во новинарството, и синот Стефан Талевски, кој изгради успешна меѓународна кариера во Италија и САД.
Погребот ќе се одржи на 29 септември 2025 година (понеделник) во 12:00 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Читај и ова:
- 1.ГАЛЕРИЈА Сјај и беда: Двете лица на градот крај реката
- 2.ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач со „Ауди“ усмрти пешак во Лисиче, полицијата го приведе
- 3.ФОТО Давкова објави дека била на приемот од Трамп
- 4.Изгоре продавницата на „Синсеи“ во Неготино пред официјалното отворање
- 5.Дневен хороскоп – сабота – 27 септември 2025 година