Свет

Европските берзански индекси растат, цената на златото надмина 3.800 долари и достигна нов рекорд

Европските берзански индекси растат, цената на златото надмина 3.800 долари и достигна нов рекорд

Европските и американските берзански индекси денес се најмногу во пораст, а цената на златото надмина 3.800 долари за унца и достигна нов рекорд, што е последица на слабиот долар и растечките очекувања дека Федералните резерви на САД ќе ги намалат каматните стапки до крајот на годината, објавува Ројтерс.

Пазарите во моментов проценуваат дека веројатноста за намалување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави во октомври е 90 проценти, додека шансите за понатамошно олабавување на монетарната политика во декември се проценуваат на околу 65 проценти.

Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,25 проценти на 23.790,76 поени, францускиот CAC 40 за 0,15 проценти на 7.882,03 поени, британскиот FTSE 100 за 0,49 проценти на 9.330,75 поени, додека московскиот MOEX падна за 0,46 проценти на 2.712,85 поени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни