Свет

Луфтханза најави укинување на 4.000 работни места до 2030 година

Луфтханза најави укинување на 4.000 работни места до 2030 година

Авиокомпанијата „Луфтханза“ објави драстично намалување на бројот на вработени, а до 2030 година се планира да се укинат 4.000 работни места во администрацијата, објавија денес германските медиуми.

Компанијата објави дека работните процеси ќе бидат дигитализирани, автоматизирани и консолидирани, објави „Шпигел“.

Најголемата европска авиокомпанија, која има 103.000 вработени, исто така планира во иднина да оствари оперативен профит од осум до десет проценти од приходите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни