Турција ќе гради половина милион нови социјални станови

Турција ќе изгради 500.000 нови домови низ целата земја за да ги задоволи социјалните потреби на луѓето, објави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата изјава по состанокот на кабинетот.

„Овој проект предвидува посебна квота за семејства со три деца, млади луѓе, роднини на загинатите при вршење на должноста, ветерани и пензионери“, изјави Ердоган, цитиран од турските медиуми.

Целта е дел од овие домови да се издаваат под наем по пониски цени, додека друг ќе им обезбеди олеснување на семејствата што живеат во мали домови. Турскиот претседател најави дека деталите за проектот ќе бидат презентирани во наредните денови.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.