Свет

САД на работ на буџетски ќорсокак, вели потпретседателот Венс

САД на работ на буџетски ќорсокак, вели потпретседателот Венс

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека верува оти американската влада ќе се затвори поради недостаток на договор меѓу републиканците и демократите, објави Ројтерс, повикувајќи се на неговите забелешки по состанокот во Белата куќа со конгресните лидери.

„Мислам дека се упатуваме кон затворање бидејќи демократите нема да го направат она што е исправно. Се надевам дека ќе се предомислат, но ќе видиме“, им рече Венс на новинарите пред Белата куќа.

Лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, им изјави на новинарите дека за време на состанокот, демократските конгресмени му ги презентирале прашањата за здравствената заштита на претседателот Доналд Трамп.

Двете страни излегоа од состанокот велејќи дека другата страна ќе биде виновна ако Конгресот не го продолжи финансирањето на владата по крајниот рок на полноќ во вторник, забележа Ројтерс.

Демократите тврдат дека секој договор за продолжување на рокот мора да ги зачува и здравствените бенефиции што истекуваат, додека републиканците на Трамп инсистираат дека здравствената заштита и финансирањето на владата треба да се третираат како посебни прашања.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, рече дека двете партии „имаат многу големи разлики“.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни