Совет на јавни обвинители: Нов претседател по локалните избори!

Денеска се одржа 28-та седница на Советот на јавните обвинители, на која беше донесена одлука за престанок на функцијата претседател на Советот за Душица Димитриеска, поради истек на нејзиниот мандат на 1 октомври годинава.

Изборот на нов претседател беше одложен за после локалните избори, така што до изборот нов претседател ќе раководи заменик-претседателот Башким Бесими.

Во рамките на точката „разно“, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се осврна на проблемите со кои се соочува Јавното обвинителство, посочувајќи недостиг на јавни обвинители и службеници, како и ограничени финансиски средства кои ја отежнуваат нормалната работа на институцијата.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.