Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека најверојатно ќе има затворање на владата на Соединетите Американски Држави.
„Ништо не е неизбежно, но би рекол дека затворањето на владата е многу веројатно. Воопшто не ги видов демократските сенатори да се поклонуваат“, рече Трамп во Овалната соба на Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен.
Порано денес, Трамп повторно ги обвини демократите во американскиот Сенат дека се обидуваат „да им обезбедат здравствена заштита на нелегалните имигранти“ без никаква основа.
